September, 2019

now browsing by month

 

Почетокот се чека со нетрпение

Нашите фудбалери се нестрпливи конечно да почнеме со натпревари во новата сезона. Во тек се преговори со неколку потенцијални противници, а треба да се договори и теренот каде би се играле натпреварите. Се надеваме дека во наредните неколку дена ќе имаме официјална информација.

Самин и Хариса честито!

Нашите фудбалери оваа година нижат успеси на приватен план, па крајот на август ни донесе нов брак, оној на Самин и Хариса Колашинац. Во име на сите Бутопци уште еднаш им честитаме и им посакуваме многу радост и благосостојба во заедничкиот живот.

Да потсетиме дека Таличниот Самко е човек кој беше еден од моторите на нашиот тим во првите сезони, а потоа се посвети на боди-билдингот. Сепак, негов потенцијален камбек во дресот на Бутоп е опција која секогаш предизвикува возбуда кај нашите поддржувачи. Се надеваме дека тоа ќе се оствари во иднина.

Среќен роденден Бутоп!!!

Денес (15 септември) својот роденден го слави нашиот Бутоп. Овој тим својата историја ја започна на денешен ден во 2007 година и досега одигра 342 натпревари. Има премногу рекорди и моменти вредни за одбележување, овојпат само ќе се осврнам на вкупната гол разлика, во моментов таа е 1993 – 1598. Тоа значи уште седум гола до јубилејниот 2000 погодок, го чекаме во скоро време затоа што во секој момент треба да почнеме со натпревари во нашата тринаесетта сезона.

Бутопци не пропуштија да го прослават роденденот, па го искористија синоќешниот настап на С.А.Р.С. на скопскиот Пивофест за да наздрават и да си посакаат многу успех во новата сезона. Еве дел од атмосферата.

 

Среќен роденден Кире!!!

Пред два дена, на 8 септември, Кирил Смиљковски го прослави својот 27 роденден. Кире е еден од основачите на нашиот клуб и со право има статус на легенда. Досега запиша вкупно 261 настап во дресот на Бутоп. Му посакуваме се најдобро во животот и кариерата.

Среќен роденден Кире!

Колев потпиша за Арбен Бајрами

Последниот ден од летниот преоден рок донесе многу трансфери на фудбалскиот пазар, а меѓу нив е и преминот на Костадин Колев од Шкупи во тимот на Арбен Бајрами. Новоформираниот клуб од Чаир вчера на општествените мрежи ја објави информацијата дека Коки е нивен нов играч. Колев помина три успешни сезони во Шкупи со кој два пати се закити со шампионската титула.

Костадин Колев од денес е дел од новиот клуб во градот. 23 годишниот голман доаѓа од екипата на ФК Шкупи и поседува квалитети кои ќе му помогнат на нашиот клуб. Клубот му посакува здравје, добредојде и многу успех, стои во соопштението на ФК Арбен Бајрами.