October, 2015

now browsing by month

 

Новиот знак на Бутоп!

Ви го претставуваме новиот знак на Бутоп!!!

 

cropped-11218833_950298891677886_7111569292415805367_n.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Пред два дена заврши интерната анкета на членовите на Бутоп кои на Фејсбук страната требаше да гласаат помеѓу три предлози за новиот амблем на нашиот тим.

Овој предлог убедливо победи со преку 50% од гласовите.

Голема благодарност упатуваме до нашиот голман Кирил Ѓоргиев. Популарниот Грмуш беше главен и одговорен за целиот проект и ги изработи предлозите за новиот знак.

При креирањето на новиот знак Грмуш внимаваше на хералдиката, па затоа и нашиот нов знак во многу што ја продолжува традицијата на претходниот од 2011-та, за кој може да прочитате во делот ЗА КЛУБОТ, а кој може да го видите засега само во архивата на Бутоп.

Главните елементи (боите, годината, формата итн…) се запазени, а дизајнот е поедноставен и модернизиран, онака како што наложуваат светските трендови.

Не помогна ни камбекот на Николиќ

Завчера, 16 октомври 2015, Бутоп забележа пораз од тимот на Мојсовски-Џезо со 11-6.

Противникот имаше предност во текот на целиот натпревар, со исклучок на моментот кога израмнивме на 1-1.

За нас настапија дури 8 играчи, а момент за одбележување е камбекот на Дарко Николиќ кој по подолго време заигра за Бутоп.

Или поточно, од 31 октомври 2013, кога влезе во игра, но како втор голман по повредата на Коки на мечот со Смиљковци (4-7).

Последен пат пак Даре настапил за нас, но како играч во поле, на 15 ноември 2012 во победата над Фокус, 13-8.

11 Октомври низ историјата

Денешниов празник, 11 Октомври, донел 5 натпревари низ историјата на Бутоп.

Првите три се одиграни во 2008-та година на игралиштето во с. Радишани, остварени се:

победа со 4-2 над Радишани бојс

пораз со 3-4 од Големи уличари и

нерешено 4-4 со Радишани бојс.

Во 2012-та на Капи-куп е остварена:

победа со 3-0 над К-4 Горска (Харис-2, Каро-1)

Во 2013-та истотака на Капи-куп е забележан:

пораз со 1-3 од Аква Вардар коп (Дарко-1)

Седум години од единствената титула

Пред точно седум години, на 04 октомври 2008 г. Бутоп ја освои својата единствена титула на турнирите досега.

Тој ден со почеток од 15:00 часот се одигра финалето на турнирот во Железара во кое бевме поуспешни од тимот на Турци ЈБТ со 6-3. Иако противникот поведе со 2-0 успеавме до крајот да направиме пресврт кој ни го донесе еден од најголемите успеси во историјата.

grigorprlicev-zelezara

натпреварите се играа на теренот на ОУ Григор Прличев во Железара

 

 

За Бутоп тој ден стартуваа:

1.Петар Лазароски

2. Андреј Димитровски

3. Анел Курт

4. Харис Фекиќ

5. Јеткин Сезаир и

6. Дарко Костовски. А уште играше и:

7. Кристијан Каравидов

Стрелци беа: Костовски со 3 гола, Сезаир со 2 и Каравидов со 1 постигнат погодок.

финалето

 

 

 

 

 

 

 

фотографија од пред почетокот на големото финале

Пораз! За Костовски роденденски, за Курт на јубилејот

Бутоп вчера загуби од тимот на Мојсовски-Џезо со 14-9 во меч на кој противникот ја имаше контролата врз резултатот и играта.

На тој начин Костовски не успеа со победа да го прослави својот 23-ти роденден, а Курт својот 2оо-ти настап за Бутоп.

За противниците пак (играа без Џезо) ова беше слатка одмазда за двата претходни пораза од нашиот тим.

IM000679.JPG