May, 2020

now browsing by month

 

Среќен роденден Ристе!

Денес, 23 мај, својот роденден го прославува Ристе Валчанов. Ристе минатата сезона дебитираше во нашиот дрес и веќе се наметна како значаен дел во поставата. Му посакуваме уште многу настапи за Бутоп и успех во фудбалската кариера.

Среќен роденден Ристе!

Остварена соработка во Врање, Р. Србија

ФК Бутоп и натаму е вон стројот, барем во натпреварувачкиот дел. Сепак, тоа не не спречи да сме фудбалски активни и да оствариме контакти и надвор од земјава. Дарко Костовски повеќе од два месеци се наоѓа во Врање, соседна Србија. Во името на нашиот клуб, тој изминатиот викенд се најде во улога на спонзор, заедно со локалните покровители Марјан Стошиќ Макса и Весна Николов, на турнир во мал фудбал. Турнирот се одржа на 17.05 во село Златокоп, крај Врање. Учествуваа седум екипи, а запазени беа препораките за собири со не повеќе од 50 луѓе. Беше прикажана фер и квалитетна игра од сите учесници. Во драматичното финале екипата составена од Динамови младинци беше поуспешна на пенали од домашниот тим на Златокоп, откако по истекот на играта резултатот гласеше 1-1. Домаќините беа предводени од Ранковиќ, Милан Шунела, Стефан Ципи, Душан и одличниот Филип Жуле на голот. Стана збор за можно продлабочување на соработката и во иднина.

 

 

Стошиќ и Костовски на теренот во Златокоп

Курт: Од соба во соба

Нашите играчи херојски го издржаа најтешкиот период во оваа пандемија, кој се надеваме е зад нас. Побаравме од Анел Курт да ни каже како ги поминува деновите во изолација:

  • Како и сите. По дома, со семејството. Добро сме сите. Што да кажам, гураме некако, од соба у соба. Едвај чекам да се вратиме во нормала, но мора да се оди чекор по чекор.