Димитровски го крена пехарот за третото место

Андреј Димитровски ја имаше честа да го прими пехарот наменет за третопласираната екипа во МЛС4 на свечената церемонија по завршувањето на последниот натпревар во четвртокот. Бутоп конечно успеа во четвртото издание на Маалската лига да заигра постабилно и заслужено го освои овој трофеј со скор од шест победи, едно реми и три порази и вкупно 19 освоени бодови на контото.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Димитровски го крена пехарот за третото место




Comments are Closed