На денешен ден (11 април) во 2009…

Пред точно седум години, на денешен ден (11 април 2009 г.), и гостувавме на екипата на МК Рисови. Натпреварот заврши во наша полза со конечен резултат 7-10, а се одигра во скопската населба Аеродром на теренчето за мал фудбал кое локалните жители популарно го нарекуваат „Тере“, со почеток во 18:00 часот. Оваа средба со МК Рисови ја договоривме со еден од нивните најекспонирани играчи Стефан Кипријановски – Кипри.

За Бутоп тој ден во првата постава настапија: Харис Фекиќ (стартуваше како голман, а потоа на таа позиција се сменија и Андреј и Анел), Андреј Димитровски, Анел Курт, Кирил Смиљковски, Дарко Костовски и Јеткин Сезаир. Уште настапи и Кристијан Каравидов.

По првиот дел резултатот беше израмнет (5-5), за во второто полувреме да го скршиме отпорот на домашниот тим и да славиме со 10-7.

aerodrom tere

 

Comments are Closed