Голманите на Бутоп

Костадин Колев од неодамна стана рекордер по бројот на настапи за Бутоп кога станува збор за голманската позиција. Тој го помина долгогодишниот лидер во оваа категорија – Филип Пејков. Покрај Коки и Пинки уште четворица голмани имаат двоцифрен број на настапи за нашиот тим. Тоа се Бени, Грмуш, Јован Нечовски и Петар Лазароски. Еве како изгледа овој список според точниот број на одиграни средби за Бутоп:

1. Костадин Колев    – 64

2. Филип Пејков         – 62

3. Арбен Ејуп               – 30

4. Кирил Ѓоргиев      -18

5. Јован Нечовски    – 11

6. Петар Лазароски – 10

Важно е да се напомене дека во многу наврати и самите играчи на Бутоп се ставале во улога на голмани, тука предничи пред се Анел Курт, но овојпат нема да навлегуваме во таа статистика. Единствено ќе ги издвојам и Мето Смиљковски и Дарко Николиќ кои во определен период беа опција и за голманската позиција, па двајцата повеќе од десетина пати застанале на нашиот гол.

Други голмани кои настапувале за Бутоп и кои оставиле белег во нашиот тим се Стефан „Кумот“ со 5 настапи, Були од Топанско со 3 настапи, Адем Маровци со 3, Ристе Димитровски со 3, Дритон Палоши со 3, потоа тројца членови на фамилијата Елмас (Мумин 4 пати, а Елиф и Муслим по еднаш стоеле на голот), Горјан Василев два пати, Шаин и Зоки Ш. по еднаш.

Треба да се издвојат и настапите на некои од нашите повремени олраунд играчи кои често настапиле како голмани, како на пример Беким Асани кој во три наврати застана на голот, Бранко Марков, Сашо Наумоски Цамба (кој голем дел од неговите 7 настапи за Бутоп ги имаше како голман), Костадин Немогуче Димовски, Стефан Милошевиќ, Христијан Дончоски – Кико и други…

Comments are Closed