Бронзена тројка на Бутоп

Изминатава недела се одигра традиционалниот турнир во мал фудбал во организација на Економскиот факултет – Скопје во кој учество земаат екипи составени од студенти на овој факултет. Тројца наши фудбалери беа дел од екипата на Ла Тане која на крајот успеа да го заземе третото место. Кирил Смиљковски, Анел Курт и Костадин Колев беа важен дел од костурот на својот тим и значително придонесоа за постигнатиот успех. Натпреварите се играа во СЦ Јане Сандански во Аеродром, на турнирот учествуваа 16 екипи, а се играше во нокаут систем. Завршниот натпревар, како и мечот за третото место се одиграа во неделата, на 24 април 2016.

ла тане

 

 

 

Тане, како дел од атмосферата од минатогодишното издание на овој турнир

Comments are Closed