Коки: Огромна е честа да се биде рекордер на Бутоп!

Измина еден месец од натпреварот (одигран на 22 март 2016) на кој Костадин Колев се запиша во историските книги на Бутоп рушејќи го рекордот по бројот на настапи на голманската позиција. За ова пишувавме и пред две недели и ги споменавме шесте наши голмани со двоцифрен број настапи, како и другите кои оставиле белег бранејќи го голот на Бутоп.

Пред неколку дена имав можност да поразговарам со Коки и поентите од тој разговор сега ги пренесуваме ексклузивно за веб страната на Бутоп:

– Коки, што за тебе значи овој рекорд? Како се чувствуваш сега како рекордер?

– Морам да кажам дека, пред се, да се биде рекордер во било која од статистичките категории на Бутоп е огромна чест. Многу сум среќен што конечно го срушив рекордот на легендарниот Пинки.

– А секоја голема кариера има свои почетоци. Се сеќаваш ли на твоите?

– Да, секако! Како да беше вчера! Прв пат за Бутоп настапив на натпревар во балонот кај ОУ Пенко во Север. Се сеќавам дека беше зима, имаше многу снег, мислам дека тој ден славевме убедливо… (И беше во право Коки. Кратко прелистување низ записниците покажа: 5 февруари 2012, терен – балон ОУ Пенко, 16:00 часот, Бутоп – Бутел 2: 12-1. Деби меч за Костадин Колев, играле уште и Димитровски, Фекиќ, Курт, Костовски, Смиљковски, Каравидов и Велковски.) На турнир прв пат настапив на „Еуро-фанс 2012“ на игралиштето на вештачка трева на скопското лизгалиште. Игравме против Чета и повторно едно мое деби донесе победа за Бутоп. (7 мај 2012, почеток 18:50, Бутоп – Чета:4-2.)

Euro Fans

 

 

фото од пред почетокот на натпреварот со Чета

 

 

 

– Можеш ли да издвоиш уште некој натпревар или турнир што ти оставиле силен впечаток?

Па искрено сите наши учества на турнирот во СЦ Ново Лисиче некако ми се во најпријатно сеќавање и тој терен на некој начин најдобро ми „лежи“. Пријатно ми беше кога дел од публиката почна да ме препознава како „еј еве го голманчето на Бутоп“…

– Бројот на твоите настапи за Бутоп веројатно ќе беше поголем да не беа бројните повреди кои те следеа во изминативе четири години. Истотака, честопати сме те праќале и кај Примавера, или кај Тамба-ламба на пример, за да ги појачаме нашите противници. Коментар?

koki

 

 

 

Да. Листата на повреди е предолга. Еве само ќе споменам, три пати скршеници на прстите на рацете и еднаш и „гипсирана“ нога, истотака поради скршеница. Два потреси на мозокот здобиени на дел од натпреварите. Но, да не продолжувам. Сигурно дека повредите ги ограничуваат моите настапи. А што се однесува до позајмиците, јас ги поддржувам сите одлуки донесени во корист на Бутоп и на неговиот напредок. – заклучи Коки.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Коки: Огромна е честа да се биде рекордер на Бутоп!




Comments are Closed