Преориентацијата и летните активности на Бутоп

Пред почетокот на деветтата сезона на Бутоп беше јасно дека наредново лето 2015 ќе биде потребна една преориентација како одговор на последните неуспеси.

Тоа и се случи, па Бутоп не настапи на ниту еден турнир во изминативе два месеца, прескокнувајќи го и турнирот во Љубанци со забелешка дека поголемиот дел од играчите настапија таму, но повеќе за тоа во наредното известување.

Во јули и август одигравме повеќе натпревари од пријателски карактер најчесто на теренот во селото Бутел, но само мал дел од нив (3) влегоа во официјалната статистика затоа што најчесто игравме со по 2 или 3 играчи од страна. Скорот на тие натпревари ни е по една победа, нерешено и пораз.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Преориентацијата и летните активности на Бутоп




Comments are Closed