Среќен роденден Бутоп!

Бутоп денес го празнува својот осми роденден.

15 септември 2007. година е денот на основањето на нашиот тим и денот на одигрувањето на нашиот прв натпревар. Повеќе за тоа бутелско попладне и дуелот со ГУ може да прочитате во делот ЗА КЛУБОТ – Формирање и почетоци.
Во изминативе осум (еве веќе тече и деветтата) сезони имавме многу добри и лоши моменти, победи и порази. И покрај резултатската криза во последниве две-три сезони и натаму постоиме, работиме, играме фудбал и се надеваме на подобри игри и повеќе победи. Тоа им го должиме на нашите фанови и на нас самите.

Со желба за многу успеси во иднина го честитам роденденот на Бутоп!
ФК Бутоп - НЛ 2011

 

Comments are Closed