Андреј го прослави 23-иот роденден, Бутоп со честитки до Работнички

Од активностите и моментите за одбележување што се случија во август предничи роденденот на Андреј Димитровски.

На 6 август Андреј го прослави својот 23. роденден. Легендата на Бутоп кој до овој момент собра 213 настапи за нашиот тим го красат борбеноста и бескомпромисноста. Тој е столб на нашата одбрана сите овие изминати години, а неговиот придонес во нашата интернет промоција е од неспоредлива важност.

Му посакуваме многу успех во иднина!

andrej

 

******************

Деветти август беше датумот кога Бутоп ја искористи можноста да им го честита успехот на фудбалерите на Работнички – елиминацијата на турски Трабзонспор. Во тој момент (по Металург) ние бевме само втората македонска екипа која го направи тоа. Јеткин Сезаир и Филип Пејков беа нашите претставници што лично им го честитаа успехот на неколку фудбалери на црвените кои беа присутни на северната трибина на Филип Втори на натпреварот меѓу Вардар и Шкупи.

Arena Filip II

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Андреј го прослави 23-иот роденден, Бутоп со честитки до Работнички




Comments are Closed