Веб-страната повторно се активира

Изминатиов период од речиси два месеца веб страната на Бутоп не беше активна поради одморите и некои технички причини кои сега се разрешени.

На радост на нашите поддржувачи, се враќаме со известувањата на butop.info.

Ќе почнам со информацијата дека во месецот јуни 2015 го срушивме рекордот по бројот на ажурирања на нашиот сајт – вкупно 20 пати известувавме за Бутоп. Тоа беше периодот кога настапувавме на турнирот на ТК МТП.

Во јули само два пати известивме – освртот на изминатата сезона и информацијата за најдобрите стрелци.

Август беше месецот во кој останавме „тивки“ на интернет, но тоа набргу ќе го надополниме.

Comments are Closed