Против Шеча се бориме за подобар пласман

Вечерва Бутоп и Шеча го отвараат последното коло од третата сезона на Маалската лига со натпреварот чијшто почеток е закажан за 20:00 часот. Ова е средба на две екипи со ист број бодови – 10, на делба на шестото и седмото место на табелата. Бутоп е подобро пласиран поради подобрата гол разлика. Пред нас на петтата позиција со 11 бодови се наоѓа АММ-Тим, кој утре се среќава со Ак. Ќерим. Затоа овие два натпревари имаат важност и ќе одлучат за конечниот пласман. Во претходните две сезони бутопци завршуваа на петтото (од шест екипи), односно шестото (од осум екипи) место во МЛ.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Против Шеча се бориме за подобар пласман




Comments are Closed