МЛ: Бутоп втор на вечната табела, Марио трет стрелец

Маалската лига пред три дена на својот фејсбук профил ги објави вечната табела (со резултатите од трите одиграни сезони) и листата на стрелци. Бутоп е една од трите екипи кои ги одиграа сите три досегашни сезони и се најде на второто место на оваа табела со еден бод повеќе од третопласираните Алиенс и дури дваесет помалку од лидерот Таверна Шкупи Лукс кафе. И покрај тоа што не беше дел од тимот во штотуку завршената Сезона 3, Марио Вангеловски одлично котира како трет стрелец со 30 гола, а Анел Курт е петнаесетти со 18 постигнати погодоци. Столе Чаковски кој сезонава играше за нас како позајмен од Сент Патрик со 24 голови ја дели осмата позиција.



Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on МЛ: Бутоп втор на вечната табела, Марио трет стрелец




Comments are Closed