Анел Курт го одигра 300 натпревар за Бутоп

Како што споменавме во објавата од пред неколку дена, Анел Курт во последното коло од третата сезона на Маалската лига, на натпреварот против Шеча одигран на 08.11.2023 го запиша својот јубилеен 300 настап за Бутоп. Тој е четвртиот играч со вакво постигнување во нашиот тим. Годинава во текот на месец март оваа квота ја достигнаа и Кристијан Каравидов и Кирил Смиљковски, а од претходно член на клуб 300 е и Дарко Костовски. На Анел му посакуваме уште многу настапи и успеси со Бутоп, но и на приватен и професионален план.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Анел Курт го одигра 300 натпревар за Бутоп




Comments are Closed