Прекината победничката серија

Екипа Чаир и стави крај на нашата победничка серија победувајќи не’ со конечни 7-5. Вчера видовме еден тврд и израмнет натпревар. Долго време се играше без многу погодоци, за при резултат 3-3 чаирчани да постигнат два гола кои се чини беа преголем удар за нас. Иако беа најавени осум играчи, Анел и Коки не настапија, па уморните бутопци не можеа да се изборат за повеќе. Беше и 7-3, но во последните 3-4 минути избегнавме дебакл. Овој пораз стави крај на серијата од пет последователни победи.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Прекината победничката серија




Comments are Closed