Одложен натпреварот со Екипа Чаир

Не е поради корона вирусот, но сепак натпреварот кој требаше да го одиграме утре (25.02.2020) против Екипа Чаир е одложен. Една од главните причини е осминафиналната фаза во Лигата на шампионите која некако ни наложува да бараме друг редовен термин за овие пресметки. Ги известуваме нашите играчи и фанови дека нема да го искористиме алтернативното решение (балонот кај ОУ Блаже Конески во Аеродром, 19:00 часот), а во договор со чаирчани и со Африм решивме наредниот вторник да го одиграме редовниот термин од зимава (21:00 часот). Потоа ќе бараме простор во балонот кај Зеф Љуш, најверојатно за понеделник или четврток. Секако дека е во наш интерес да ја продолжиме соработката со Екипа Чаир која трае веќе две сезони и резултира со многу натпревари. Тоа е од најголема важност за нас во овој период кога поради животните обврски е се потешко да се собере тимот (но и да се најде соодветен противник) и да се одржи континуитет во натпреварувачка смисла.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Одложен натпреварот со Екипа Чаир




Comments are Closed