Уште една победа во трилер натпревар

Бутоп и Екипа Чаир вчера (11.02.2020) одиграа уште еден неизвесен натпревар и повторно нашите момци постигнаа победнички гол во последната минута. Овојпат Смиљковски беше во улогата на меч-винер за конечни 10-9. Средбата изобилуваше со пресврти, но и со квалитетна игра, па присутните во салата Зеф Љуш Марку уживаа во претставата. Почетокот им припадна на чаирчани (2-4), следеше наша серија за 6-4, па нов пресврт и егал (7-7). Во финишот нашиот противник се одлепи на 7-9 и кога сите помислија дека тоа е крај на нашите надежи, бутопци со три гола во последните 4-5 минути се изборија за заслужена победа. За нас настапија: Грмуш, Курт, Смиљковски, Костовски, Валчанов и Каравидов.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Уште една победа во трилер натпревар




Comments are Closed