Бутоп се врати на терените, победите и на интернет

Бутоп вчера (14 ноември 2016) се врати на терените, а и на победите откако во текот на месец октомври не одигра ниту една средба. Вчеравечер наша жртва беше тимот на Примавера, кој го совладавме со конечен резултат 13-9. Натпреварот беше интересен, со неколку пресврти (5-3, 5-7, 7-7), за на крајот да пресуди нашето искуство. За Бутоп настапија Анел, Дарко, Андреј, Кире, Каро, а дебитираше и Енис. Дуелот се одигра во салата Антон Димитров со почеток во 21:00 часот.

Во текот на денешниот ден беа отстранети пречките поради кои одреден период нашата веб страна не беше во употреба, па покрај на теренот и на победите, може да се каже дека се враќаме и на интернет. Затоа оваа недела очекувајте малку зголемена активност и на нашиот сајт.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Бутоп се врати на терените, победите и на интернет




Comments are Closed