Шкупи на Коки гази!

shkupi-veles

КМФ Шкупи сигурно гази во македонската прва футсал лига. Тимот во чии редови од оваа сезона е и нашиот Костадин Колев засега успешно му пркоси на КМФ Велес, клубот што практично ја продолжува династијата на Железарец откако летово целокупната управа и најдоброто од играчкиот кадар на тимот од скопска Железара се пресели педесетина километри појужно. Доказ за тоа е и резултатот од минатото коло (19.11.2016) кога во Велес (сала Гемиџии, пред илјада гледачи) Шкупи извади реми (3-3) иако по само шест минути игра губеше со 3-0. Колев беше дел од тимот на Шкупи и се наоѓаше на клупата за резервни фудбалери. Со ова реми чаирчани се најдоа на првото место на табелата со три бода повеќе од својот голем ривал, но и натпревар повеќе.

Можеби и поважен момент за Коки беше неговото деби за Шкупи во претходното коло, кога на 12.11.2016 настапи на мечот со Саса.  Тој се одигра во салата Енвер Идризи во Чаир, а Коки ги одигра сите 40 минути, ја одбрани својата мрежа, а плус додаде и една асистенција за деби од соништата и убедлива победа од 14-0. На тој начин уште „од прва“ го израмни рекордот и најубедливата победа на Бутоп, онаа со истиот овој резултат против екипата на Џани Моша (балон Рајко Жинзифов, 18.03.2012, 14:00 часот).

koki koki

Comments are Closed