Грмуш на професионална надградба во Швајцарија

Кирил Ѓоргиев во средата (16.11.2016) одлета за Швајцарија каде што во наредните 9-10 месеци ќе биде на еден вид професионална надградба во компанијата Дуферко. Тој ќе престојува во градот Лугано во близина на италијанската граница. Ова не е првпат некој од нашите играчи да замине надвор од Македонија за напредок во својата професија, тука потсетуваме пред се на Јеткин, кој во моментов се наоѓа во Турција (Анкара) на постдипломски студии. Сепак, Бутоп секогаш ги остава отворени вратите на своите членови за тие да можат да ја искористат секоја можност одново да го облечат нашиот дрес.

grmush grmush

 

Грмуш е во нашиот клуб од самите почетоци. Своето деби го имаше на 2 февруари 2008 година на натпревар против тимот на Бутел село, на кој остваривме победа од 6-3. На истиот ден сме одиграле уште две „официјални“ средби и воедно, две победи: против Бутел (Илхан-Рами) 6-5 и повторно со Бутел село, 6-5. Грмуш бранеше и на тие натпревари. Во текот на годините собра 18 настапи за Бутоп, а и секогаш бил вклучен во нашата администрација и обидите да се оствари напредок на клубот на секое можно поле.

Постојат најави дека Ѓоргиев за време на својот престој во Швајцарија ќе оствари средба со „Бардакот“, кој го скаутираше на неколку натпревари во салата Антон Димитров уште пред две-три години. Дали од тој најавен состанок ќе произлезе некаква соработка и евентуална интернационална кариера на Грмуш, ќе покаже времето.

Како и да е, ние како ФК Бутоп му посакуваме многу успех и позитивни искуства на нашиот голман.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Грмуш на професионална надградба во Швајцарија




Comments are Closed