Серијата продолжува: шести триумф во низа за Бутоп!

Бутоп ја продолжи својата серија победи, која сега изнесува шест триумфи во низа, со новата победа над Албион (Север) извојувана во вторникот (15 март 2016). Конечниот резултат гласи 4-3 за Бутоп. Натпреварот се одигра во балонот кај ОУ Пенко во Север и започна во 23:00 часот. За разлика од средбата помеѓу овие два ривали одиграна само два дена претходно, овојпат имаше многу помалку голови, но и поголема неизвесност. На крајот одлучија малите детали кои беа на страна на Бутоп, кој сепак може да се каже дека заслужено дојде до победата. За нашиот тим настапија Колев, Димитровски, Костовски, Смиљковски, Велковски и Каравидов.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Серијата продолжува: шести триумф во низа за Бутоп!




Comments are Closed