Ниту забраната за фудбал не го спречи Бутоп!

Бутоп во неделата (6 март 2016) забележа победа од 6-3 против екипата на Албион (Север). Натпреварот се одигра и покрај забраната за фудбал на територијата на градот Скопје за изминатиов викенд. Место на одигрување беше балонот во близина на основното училиште Пенко во Скопје Север, па на некој начин може да сметаме дека имавме симболична улога на гости на овој натпревар. Тој започна на полноќ кон понеделник и интересно е втор натпревар во историјата на Бутоп чијшто почеток е закажан за точно на полноќ. Првиот се одигра на 28 април 2012. година во балонот кај ОУ Васил Главинов, а и тогаш остваривме победа, 16-7 против Фокус. Не треба да се заборави и натпреварот од 13 јули 2015 со Радишани дечки кој официјално започна десет минути во новиот ден, а заврши нерешено 3-3.

За Бутоп изминатава недела настапија Дончоски (г), Димитровски, Методиј Смиљковски, Костовски, Кирил Смиљковски и Курт. Водството од самиот почеток беше на наша страна, а само во еден момент победата ни беше загрозена (3-3). Сепак, до крајот на мечот се си дојде на свое место и остваривме заслужен триумф (6-3) на неделната средба.

09.02.2013-4

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Ниту забраната за фудбал не го спречи Бутоп!




Comments are Closed