Голманот на Албион вчера ги спушти ролетните

Бутоп вчера забележа нов пораз од екипата на Албион (Север), овојпат со резултат 4-1. Натпреварот се одигра во балонот до ОУ Пенко со почеток во 23:00 часот. Нашиот противник овој меч го доби пред се поради одличната тактичка поставеност и расположениот голман кој единствениот гол го прими неколку минути пред крајот, кога победникот беше веќе решен. На овој натпревар по подолга пауза настапи и Јеткин Сезаир, кој паузата од своите студии во Анкара ја искористи за да се види со своите другари и соиграчи од Бутоп и повторно да настапи во синиот дрес. Освен Сезаир вчера настапија и Колев, Вангеловски, Костовски, Смиљковски, Велковски и Курт.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Голманот на Албион вчера ги спушти ролетните




Comments are Closed