Демант од Колев: Нема трансфер во Шпанија

Како гром од ведро небо вчера низ бутелските фудбалски кулоари се прошири веста дека нашиот Костадин Колев договорил трансфер во футсал клуб од Шпанија. Оваа информација кружеше во текот на целиот ден и разбирливо предизвика доста интерес, па моравме директно да го исконтактираме Коки и да ви го пренесеме неговиот коментар за целата ситуација: „Нема ништо од тоа Даре! Чисти шпекулации. Јас сум играч на КМФ Бутел и не сум потпишал договор со ниеден друг клуб. И јас сум изненаден од тоа што го слушнав“. Низ понатамошниот разговор со Колев дознавме дека и претходно имало одредени лажни вести околу неговата иднина, но тој децидно ги отфрли сите како шпекулации.

Приказната која дојде до нас е дека менаџментот на КМФ Бутел преку свои врски во најфудбалската (футсал) земја во Европа издејствувал трансфер на Колев во екипа од Валенсија која настапува во пониските футсал рангови во Шпанија.

Костадин Колев шест пати по ред беше голман на сезоната на Бутоп почнувајќи од 2012/2013 до 2017/2018 и со 111 настапи е апсолутен рекордер на голманската позиција во нашиот клуб. Веќе долги години гради успешна кариера и во футсал лигата на Македонија настапувајќи за Шкупи, Арбен Бајрами и Бутел.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Демант од Колев: Нема трансфер во Шпанија




Comments are Closed