Пресуди искуството

Екипите на Бутоп и Немилосрдни вчера (07.10.2021) одиграа уште еден неизвесен натпревар, кој беше решен во самиот финиш со минимална победа за нас, 8-7. Бутопци имаа контрола врз резултатот во текот на целата средба, иако дозволија противникот да се понадева на позитивен исход при крајот. Сепак, пресуди искуството на нашите момци кои останаа со ладни глави во клучните моменти. Немилосрдни одиграа практично и ги казнија нашите непотребни излети, па реализираа неколку контри, но недоволно за реми. За Бутоп настапија играчите кои ги најавивме вчера, а Дритон Палоши како повратник по подолго време во тимот имаше огромен придонес во победата.

Comments are Closed