Новајлијата Зеко изгина за синиот дрес

Бутоп вчеравечер (30.09.2021) оствари победа со конечни 7-5 во интересниот натпревар против Немилосрдни. За нас настапија момците кои ги најавивме вчера: Грмуш на гол, Курт и Велковски стартуваа во одбраната, а Каро, Даниел и Зеко оперираа во нападот. Сепак, по почетното испитување на силите следеа неколку тактички изненадувања за противникот. Најмногу се истакна дебитантот Зеко кој буквално изгина на секој дел од теренот. Грмуш истотака имаше свој ден и правеше чуда на голот, а Анел ги хранеше итрите напаѓачи со долги топки. Се на се, убава фудбалска вечер во балонот на Зеф Љуш и заслужена победа на Бутоп.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Новајлијата Зеко изгина за синиот дрес




Comments are Closed