Јеткин заслужено во „клубот 100“

Неделниот натпревар во балонот кај Зеф Љуш беше историски затоа што ФК Бутоп го доби деветтиот играч во елитниот „Клуб 100“, легендата на нашиот тим, Јеткин Сезаир. Јеткин е дел од Бутоп уште од 2008 година и беше клучна фигура во најсветлите моменти на клубот, особено во првите неколку сезони. Се уште е единствен играч кој успеал да ја одбрани златната копачка, ја освои последователно во 2009/2010 и 2010/2011. За него потоа следеше период со сериозни повреди кои го забавија неговиот учинок. На задоволство на фановите и соиграчите, популарниот Роналдињо сега се почесто е на теренот и ја враќа препознатливата форма. Се надеваме дека неговата упорност ќе биде пример за сите бутопци да дадат максимум за тимот да се врати на славните патеки. Му посакуваме уште многу голови и победи со Бутоп. Честито Јеткин!

Comments are Closed