Се уште не сме на највисоко ниво: пораз од Бутел Илхан

Фудбалерите на Бутоп му пружија чесен отпор на тимот на Бутел (Илхан Р) во синоќешниот пораз од 10-5. Сепак, тоа беше максимумот што можевме да го понудиме, а за позитивен исход ќе треба дополнително кревање на формата. Одредена неизвесност имаше до осум минути пред крајот кога при 7-5 противникот постигна гол за плус три и го приведе мечот кон мирна завршница. За нас настапија играчите кои ги најавивме вчера со напомена дека на голот стартуваше Валчанов, кој во текот на играта беше сменет и од другите играчи. Легендата на клубот Јеткин Сезаир стана деветтиот играч со најмалку сто настапи за ФК Бутоп.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Се уште не сме на највисоко ниво: пораз од Бутел Илхан




Comments are Closed