Репрезентативна пауза и заслужен одмор за бутопци

Утре (25.03.2021) нашите фудбалери нема да го играат редовниот термин во Форца против тимот предводен од Дарко Видиниќ. Двете екипи се договорија оваа недела да паузираат, а ова се поклопува со натпреварите на почетокот на европските квалификации за мондијалот во Катар. Одморот добро ќе им дојде на играчите на Бутоп бидејќи одиграа пет средби во краток период, па несомнено деновиве ќе ги искористат за полнење на батериите.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Репрезентативна пауза и заслужен одмор за бутопци




Comments are Closed