Четите навистина завојуваа, нервозна победа за Бутоп

Како да претчувствувавме воинствен дуел, па со таков речник и го најавивме вчерашниот (18.03) натпревар меѓу нашиот тим и оној на Дарко ФФМ. Резултатскиот исход е 3-1 победа за бутопци, но има што да се додаде овде. По подолго време, инцидент беше причина предвреме да прекинеме термин. Конечниот резултат останува актуелниот во моментот на прекинот затоа што беа одиграни повеќе од 80% од предвиденото време, односно имаше околу шест минути до крајот. Самиот факт што за педесетина минути вкупно беа постигнати само четири гола, доволно говори за начинот на игра, тврдо, претпазливо и со чекање на грешка на противникот. Нашите момци подобро се снајдоа во ваквите услови во средба која ја одбележаа постојани провокации меѓу фудбалерите на двата тима. Нервозата очекувано кулминираше и резултираше со споменатиот прекин. За Бутоп настапија играчите кои ги најавивме, а стрелци на головите беа Кико, Ристе и дебитантот Цеки, кој ги оправда очекувањата.

Comments are Closed