Водство, па пресврт и пораз од Бутел (Илхан)

Тимот на Бутел (Илхан) повторно беше поуспешен од нас, овојпат со резултат 5-3, на средбата одиграна вчера (07.10.2020) во балонот кај Зеф Љуш. За разлика од минатата недела, сега видовме неизвесен натпревар со малку голови. Во поголем дел од мечот бевме подобри од нив, имавме водство (3-1), но и многу пропуштени шанси да го решиме победникот. Во последните десетина минути дојде до голем пад во нашата игра и резултатски пресврт. Настапија играчите кои ги најавивме вчера, а и покрај петте примени гола позитивен впечаток остави Стојчевски, кој покажа дека на него ќе може да сметаме и во иднина.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Водство, па пресврт и пораз од Бутел (Илхан)




Comments are Closed