Броевите распределени, во тек е печатењето на дресовите

Изминатите денови падна одлуката за броевите кои нашите играчи ќе ги носат отсега на новата гарнитура дресови. Најпрво за десетката, за која веќе пишувавме, таа оди кај Јеткин, а Велковски станува КВ9. Димитровски (2), Костовски (4), Смиљковски (7), Курт (8) и Каравидов (11) си ги задржуваат истите броеви. Голманската единица оди кај Колев, Грмуш ја зеде 12ката. Марио се одлучи да го носи бројот 40, а одговорноста да ја преземе легендарната петка на Харис Фекиќ ја добива Ристе Валчанов.

Тука додавам дека играчите кои го имаат задолжено Бутоп, пред се мислам на Харис Фекиќ, Филип Пејков и Самин Колашинац секако не се заборавени и се надеваме дека во скора иднина ќе го добијат заслуженото.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Броевите распределени, во тек е печатењето на дресовите




Comments are Closed