Не импресиониравме, но победата е тука

Бутоп вчера (17.05.2019) со многу проблеми успеа да дојде до победа над тимот на Дарко ФФМ со конечни 8-6. Во текот на целиот натпревар имавме подеми и падови во играта и не можевме да ја контролираме средбата како што посакувавме. Очигледно паузата со неиграње натпревари го направи своето. Сепак, најважен е резултатот, а тој е во наша корист.

Своето деби во дресот на Бутоп вчера го имаше Марко Костовски, помладиот брат на Дарко. Тој има искуство во играњето против нас со настапите за Примавера во изминатите години, а ете дочека да настапи и за ФК Бутоп.

Треба да издвоиме и дека пред почетокот на натпреварот Дарко Костовски му ја врачи публикацијата „Приче из Македоније“ на Дарко Видиниќ. Со тоа сакавме да се претставиме како добри домаќини бидејќи за првпат игравме со овој противник на нашава страна на Вардар. Средбата се одигра во балонот кај СУГС Цветан Димов во Чаир, а настапија седумте играчи што ги најавивме вчера пред почетокот на мечот.

Comments are Closed