Фудбалерите на Бутоп трчаа на Скопскиот маратон

Бутоп и оваа година не го заобиколи најмасовниот спортски настан во нашата земја. Како и во претходните изданија и минатата сабота (4 мај 2019) дел од нашите фудбалери се појавија на скопските улици. Валчанов и Костовски трчаа на „петката“, Ристе оствари време од 24:38, а Дарко оваа делница ја помина за 26:14. Сепак, најзабележителен настап имаше фудбалерот кој повремено настапува за нас, Христијан Дончоски. Популарниот Кико оствари одлично време на полумаратонот – 01:37:29, поставувајќи личен рекорд.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Фудбалерите на Бутоп трчаа на Скопскиот маратон




Comments are Closed