Чаирчани не даваат прошка

Бутоп никако да врзе две победи против Екипа Чаир. Синоќа (10.03.2019) чаирчани не беа празнично расположени, па не ни ги простија грешките и славеа со конечни 7-5. Нашите фудбалери за само седум-осум минути во финишот го загубија се она што го градеа цел натпревар и дозволија да се стопи предноста од 5-3. Се чини пресвртна точка беше пеналот кој Грмуш не го искористи токму при тој резултат, кога со паненка се обиде да го измами противничкиот голман, секако неуспешно. Од тој миг моментумот премина кај ривалот кој дојде до комплетен пресврт. За Бутоп настапија: Ѓоргиев, Курт, браќата Смиљковски, Вангеловски, Каравидов, Костовски и Валчанов. Овој натпревар, како и оној од пред една недела, се одигра во балонот кај Зеф Љуш Марку, со почеток во 21:00 часот.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Чаирчани не даваат прошка




Comments are Closed