Бутоп не простува, победа над ЖБ 91-2!

Бутоп со победа го стартуваше пролетниот дел од сезоната 2016-2017. Вчера беше совладана екипата на ЖБ 91-2 (Филип) со резултат 7-6. Натпреварот како што беше најавено се одигра во балонот кај ОУ Блаже Конески во Аеродром со почеток во 17:00 часот.

Ова беше еден од оние натпревари по кои вреди да се запамети само резултатот, а не и играта затоа што беше преполна со осцилации. Особено беше видлив падот во играта во вториот дел од мечот, кога Коки ја спасуваше победата, а јасно е дека треба да се поработи и на реализацијата во нападот. За Бутоп настапија Колев, Костовски, Велковски, Вангеловски, Каравидов и играчот на проба Коста (од Кисела Вода).

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Бутоп не простува, победа над ЖБ 91-2!




Comments are Closed