Бутоп денес се враќа на терените

По двомесечна пауза Бутоп попладнево (17:00, балон кај ОУ Блаже Конески, Аеродром) ќе одигра натпревар со кој ќе означи почеток на оваа календарска година на натпреварувачки план. По успешните јануарски подготовки и неколкуте термини кои дел од Бутопци ги одиграа, време е да се почне со воигрувањето и кревањето на ритамот.

Денес Бутоп ќе игра со измешан состав, без тројцата првотимци Смиљковски, Димитровски и Курт. Затоа по подолго време во синиот дрес се враќаат Вангеловски и Велковски кои ќе бидат потпомогнати од Костовски, Каравидов и Колев, а ќе имаме и еден играч на проба.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Бутоп денес се враќа на терените




Comments are Closed