Бутоп си гази на Боксинг деј, победа над Примавера

Бутоп ја продолжи успешната низа на Боксинг деј откако вчера (26.12.2016) го победи тимот на Примавера со конечен резултат 11-8. Нашиот противник го диктираше темпото во првиот дел од натпреварот и честопати беше во минимална предност. Сепак ние полека но сигурно успеавме да воспоставиме рамнотежа и да ја преземеме иницијативата. На 10-15 минути до крајот водевме со 3-4 разлика и мечот го приведовме во извесна завршница. За Бутоп настапија: Колев, Димитровски, Смиљковски, Костовски, С. Милошевиќ и Каравидов. Натпреварот се одигра во „Антон Димитров“ со почеток во 21:00 часот.

SDC10011 004

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Бутоп си гази на Боксинг деј, победа над Примавера




Comments are Closed