Не им помогнаа ниту Елиф и друштвото

cropped-11218833_950298891677886_7111569292415805367_n.jpgДоминацијата и стопроцентниот ефект на Бутоп на Боксинг деј продолжија и оваа година. Како што веќе напишавме, наша жртва завчера беше екипата на Примавера (11-8). Ова им беше вторпат да бидат поразени од нас на овој ден, а и првиот пат (во 2013 г.) како и сега средбите претставуваа еден вид на мајсторка со среќен крај за Бутоп. Тогаш за 3-2 во „партии“ за есенската полусезона 2013-2014, а сега при скор од 1-1-1, за конечен успех во меѓусебните дуели во тековнава полусезона. Првпат на Боксинг деј игравме во 2009 г. против Бутел (Давор, Жора) и победивме со 16-10. На таа средба пред седум години за Бутоп настапија: Фекиќ, Курт, Димитровски, Колашинац, Костовски, Каравидов, Сезаир, а на голот се наоѓаше Мумин Елмас.

Токму во неговиот братучед, Елиф Елмас (за кого неодамна по општествените мрежи се распрашуваше и Пеп Гвардиола), момците од Примавера се обидоа да го најдат „лекот“ за Бутоп. Затоа на помош го ангажираа најдобриот млад фудбалер на Македонија за 2016 (ЧЕСТИТКИ ЗА ЕЛИФ И СО СРЕЌА ПОНАТАМУ), но ниту тој со неговите двајца компањони не успеаја да му застанат на патот на нашиот тим. Со ова уште еднаш покажавме кој е газда во „Антон Димитров“, а нова шанса за некој да го урне митот за нашата непобедливост на 26.12 ќе има наредната година.

elmas-priznanie

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Не им помогнаа ниту Елиф и друштвото




Comments are Closed