Бутоп во вторникот го надигра Албион Север

Бутоп во вторникот (3 мај) славеше над екипата на Албион Север со конечен резултат 5-4. Можеби резултатот упатува на натпревар со голема резултатска неизвесност, но во поголемиот негов тек не беше така. Бутоп поведе со 3-0 и постојано имаше контрола врз резултатот се до финишот кога за малку ќе направеше од готово вересија. Во последните моменти од средбата противникот имаше шанси и да израмни, но за среќа се се заврши во наша полза. За Бутоп во првата постава настапија:

1. Костадин Колев

2. Андреј Димитровски

4. Дарко Костовски

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт и

10. Кристијан Велковски. А во игра влезе и:

9. Дарко Николиќ.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Бутоп во вторникот го надигра Албион Север




Comments are Closed