Кирил и Методиј беа недоволни за Бутоп, пораз од Албион Север

Албион Север беше поуспешен од нас со 6-3 на натпреварот одигран завчера, на денот на кој ги славиме ликот и делото на сесловенските просветители, солунските браќа Св. Кирил и Методиј (24 мај). Натпреварот се одигра во балонот кај ОУ Пенко во Север со почеток на полноќ кон 25-ти. А нашите браќа Кирил и Методиј, Смиљковски се разбира, не успеаја да го спасат Бутоп од овој пораз. Уште од самиот почеток противникот поведе со 2-0, по што нашиот тим постојано беше во позиција да брка резултат, на крајот безуспешно. За Бутоп на овој натпревар во првиот состав настапија:

1. Костадин Колев

2. Андреј Димитровски

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт

10. Кристијан Велковски и

25. Димитар (Диме Спорт лајф). Во игра влезе и:

3. Методиј Смиљковски

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Кирил и Методиј беа недоволни за Бутоп, пораз од Албион Север




Comments are Closed