Низ историјата:15 ноември

Денешниов датум, 15 ноември, донел 4 натпревари низ историјата на Бутоп.

Три од нив се одиграле во 2008 година на теренчето со вештачка трева во Триангла, Маџари. Првиот меч започнал во 15:оо часот, а противник ни бил тимот на Маџари (Филип РЈК). Победа за нас од 5-1. Во вториот натпревар сме биле поуспешни од Маџари (Девојче) со 7-5. Денот сме го завршиле со пораз од Маџари (Филип РЈК) од 5-2. Тоа попладне пред седум години за нас настапиле:

1. Беким Асани

2. Андреј Димитровски

3. Анел Курт

4. Кирил Смиљковски

5. Дарко Костовски и

6. Јеткин Сезаир.

Во 2012 година пак, на денешен ден сме ги победиле момците од Фокус со 13-8. Тој натпревар се одиграл во Антон Димитров, од 23:00. Првата постава изгледаше вака:

12. Бранко Марков (г)

2. Андреј Димитровски

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт

9. Дарко Николиќ и

11. Кристијан Каравидов. Уште играше и:

22. Самин Колашинац.

Comments are Closed