Бутоп на насловната страна на спортскиот портал Спортмедиа

Бутоп го сврте кон себе вниманието на македонската спортска јавност овој понеделник (2 ноември 2015) кога се најде на насловната страна на Спортмедиа, еден од најпопуларните спортски интернет портали во нашата земја.

Анел Курт во својот текст зборува за неагилноста на повеќето наши фудбалски прволигаши во поглед на достапноста до информации, а за позитивен пример ја зема нашата веб-страна која опстојува повеќе од година дена. Објавата неколку часа стоеше на почетната страна на Спортмедиа, доволно да предизвика огромен интерес и да биде споделена повеќе од илјада пати на општествените (социјални) мрежи за само една вечер.

Курт пишува за мотивите за создавањето на сајтот, но и за почетоците на самиот клуб Бутоп. Во текстот можеме да прочитаме и за некои од поинтересните објави на butop.info.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов линк:

http://sportmedia.mk/drugata-strana-na-sportot/mnogu-prvoligashi-mozhat-voda-da-mu-nosat-maalski-klub-od-skopje-ima-svoj

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Бутоп на насловната страна на спортскиот портал Спортмедиа




Comments are Closed