Победа за крај, Марио најдобар стрелец

Бутоп вчера (13.11.2022) со победа во последното коло го заврши својот настап во премиерната сезона на Маалската лига. Победата над ЗОО Арт од 7-5 е мал реванш за поразот кој го доживеавме од нив во првиот меч. Со овие три бода избивме пред тимот на Алиенс, кој загуби од шампионот Радишани со 8-0, па така на крајот завршуваме петти на табелата. Она што е уште поважно е фактот дека Марио Вангеловски направи историски подвиг постигнувајќи шест гола, или вкупно 23 со што ја освои престижната титула најдобар стрелец.

All-focus
Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Победа за крај, Марио најдобар стрелец




Comments are Closed