И повторно 16-6, овојпат на крилјата на младинците

Да победите два пати по ред со ист резултат не се случува често, а ако тој резултат е 16-6, е тоа е навистина реткост. Ова му успеа на Бутоп откако вчеравечер (26.11.2019) ја совлада Екипа Чаир со споменатиот резултат, кој беше конечен и на претходниот натпревар против Дарко ФФМ. Синоќа главниот збор во нашата игра го имаа младинците Ристе Валчанов, Енис, како и дебитантот Павле Пакито Шилегов, а беа потпомогнати од поискусните Грмуш, Костовски и Каравидов. Средбата веројатно ја добивме поради одличната тактичка поставеност пред се во одбраната, која оставаше многу простор за контри и полуконтри за кои противникот немаше одговор. Во изјавите по мечот Грмуш не штедеше на пофалби за Валчанов: „Денес Ристе пријатно ме изненади. Кога е за фалење, ќе фалам… Има очигледен напредок во играта и се надевам дека ќе пружа уште подобри партии“. Убаво освежување беше и Шилегов, кој досега со нашиот клуб беше поврзан само како автор на фото-сторијата од првиот ден на зимските подготовки во 2017 година.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on И повторно 16-6, овојпат на крилјата на младинците




Comments are Closed