Бутоп во летен сон

Фудбалерите на Бутоп уживаат во летото 2019, ослободени од секакви активности. За разлика од некои други години кога во овој период сме учествувале на неколку турнири или во најмала рака сме играле подготвителни средби, овојпат сме потполно вон стројот. Се надеваме дека нашите играчи со полни батерии ќе ги дочекаат предизвиците во нареднава сезона, тринаесетта за ФК Бутоп.

Како играчите, така мируваше и нашата веб-страница, па редно е да го одбележиме 27. роденден на Андреј Димитровски кој го прославивме на 6 август. На Андреј му посакуваме многу успеси во приватниот живот, професијата, но и што поскоро камбек во дресот на Бутоп.

Comments are Closed