Одмаздата се сервира ладна: пораз од Екипа Чаир

Уште еднаш се потврди кажувањето дека најмногу болат поразите кои не ги очекувате. Бутоп вчеравечер загуби од Екипа Чаир со минимални 8-7. Само недела дена претходно против истиот ривал славевме 22-13, но пораз си е пораз, победа си е победа. Можеби тоа е резултат на малото опуштање или на отсуството на повеќето првотимци. Можеби влијаеше и психолошката војна што ја водеа чаирчани кои предлагаа да се „измешаме“ и да не биде меч Бутоп-Екипа Чаир и слично, но јасно е дека ние не смеевме да подлегнеме на ова и ништо не смее да ни биде изговор за овој пораз. Противникот сериозно му пријде на натпреварот и со едно-две засилувања ги покри дупките од минатата недела. За нас настапија Ѓоргиев, Колев, Костовски, С. Милошевиќ, Димовски и дебитантот Фаик Зекири. Што се однесува до самиот меч, Екипа Чаир беше во постојано водство. Имаа 4-0 на почетокот, а нам ни беше потребно многу време да го скршиме мразот и да заиграме подобро. Останува само да заклучиме дека нашиот задоцнет финиш беше недоволен да се избегне поразот.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Одмаздата се сервира ладна: пораз од Екипа Чаир




Comments are Closed