Помина деценија од освојувањето на единствениот трофеј

Пред точно десет години на денешен ден, 4 октомври 2008 година, ја освоивме нашата единствена титула засега. Во тоа за нас историско сончево попладне во скопска Железара бевме подобри од тимот на Турци ЈБТ со конечни 6-3 во финалниот натпревар. На тој турнир за Бутоп настапуваа: Петар Лазароски, Андреј Димитровски, Дарко Костовски, Харис Фекиќ, Анел Курт, Јеткин Сезаир и Кристијан Каравидов. Фотографиите што ги гледате подолу се од пред самиот почеток на финалето кое започна во 15:00 часот, а се играше на теренот за мал фудбал на ОУ Григир Прличев.

 

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Помина деценија од освојувањето на единствениот трофеј




Comments are Closed