Го рушиме сопствениот глобтротерски рекорд

Фудбалерите на Бутоп во изминатиов период никако да се стационираат и постојано ги менуваат терените на кои ги играат натпреварите. Во стилот на легендарните глобтротери, веќе седум средби по ред, Бутопци играат на различни терени, во случајов во балони и една сала. Со тоа го израмнија сопствениот рекорд кој претходно го поставија на два пати: првпат во сезоната 2008/2009 од 15.11.2008 до 09.05.2009, кога седумте натпревари ги одиграа на пет терени – во Триангла, Панајот Гиновски, Васил Главинов, Тере во Аеродром и кај Полицијата во Бутел; а вториот пат од 07.02 до 22.03 2016 во Зеф Љуш, Партизан и Пенко. Серијата која се уште трае и очекуваме во брзо време да продолжи, започна на 07.11.2017 во салата во Зеф Љуш, а продолжи последователно во Пенко, Зеф Љуш, Димитар Миладинов, Пенко и Цветан Димов, а последниот меч во балонот кај ОУ Рајко Жинзифов на 22.03.2018 е засега последната станица во ова патешествие на момците во сино.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Го рушиме сопствениот глобтротерски рекорд




Comments are Closed